Германски министер: Дозволата за Северен тек 2 зависи од украинската криза

Од:

Украинската криза ќе има улога во процесот на одобрување на гасоводот Северен тек 2, изјави германскиот министер за економија Роберт Хабек.

Хабек, кој е член на германската партија на Зелените, пред новинарите во Варшава изјави дека процесот на одобрување ќе биде строго во согласност со европското право, но оти „од друга страна, геополитичката проценка секогаш ќе има влијание врз одобрувањето на Северен тек 2“.

Германија ја одложи сертификацијата на Северен тек 2 најмалку до втората половина на 2022 година, но не ја откажа постапката.

Американскиот претседател Џо Бајден во понеделникот рече дека ако Русија ја нападне Украина, нема да има гасовод, а германскиот канцелар Шолц, кој беше во еднодневна посета на Вашингтон во понеделникот, рече дека САД и Германија го делат истиот став за Украина, Русија и санкциите, но јавно не го спомена гасоводот Северен тек 2.

Дали САД и Германија се на иста страна кога станува збор за проектот за гасоводот од 11 милијарди долари стана клучно прашање во време кога овие две големи земји ги предводат сојузниците во НАТО во спротивставувањето на рускиот претседател Владимир Путин, коментираат светските агенции.

Хабек ја опиша ситуацијата во Украина како „исклучително опасна“.

– Мора да се направат сите дипломатски напори за да се деескалира оваа ситуација, рече Хабек додавајќи дека Русија ќе се соочи со тешки санкции доколку дипломатските средства не успеат.

– Ова го кажувам свесен дека секоја за санкција, се разбира, цената ја плаќа домашната економија, рече Хабек.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Руските војници ја уништија работилницата на украинската армија за производство на беспилотни летала

Нова корупциска афера во Украина, осомничен е министер за земјоделство

Русите прават голем напредок во источна Украина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина