Германски машиновозачи стапија во дводнен штрајк

Од:

Германските машиновозачи во државната железница утрово стапија во дводневен штрајк откако нивниот синдикат ја одби понудата за зголемување на платите, во жестокиот спор предизвикан од ривалските синдикати.

Поради штрајкот на машиновозачите возовите ќе доцнат или ќе бидат откажани. Синдикатот на машиновозачите ГДЛ вчера ги повика своите членови да стапат во штрајк и да го запрат товарниот железнички сообраќај, а денеска од два часот по полноќ да го прекинат меѓуградскиот и регионалниот железнички сообраќај.

– Прекинот на железничкиот сообраќај ќе трае до четири часот наутро в понеделник, се истакнува во соопштението на ГДЛ, кој од државниот оператор на железницата (Дојче бан) бара зголемување на платите за пет проценти и намалување на работната недела од 39 на 37 часа.

Германската желчезница планира да работи со намален обем и да одржи 30 отсто од сообраќајот за време на штрајкот.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани