Германски хирурзи оставиле 16 предмети во телото на еден пензионер

Од:

Хирурзи на болницата во германскиот град Хановер, оставиле “до 16 предмети” во телото на еден пензионер кој бил опериран во 2009 година. од рак на простата, а кој почина минатата година, изјави правната застапничка на неговото семејство.

Бидејќи раните од операцијата не заздравиле, пензионираниот банкар Дирк Шредер повторно беше подложен на операција и докторите од утробата му извадиле игла, завои и хируршки ракавици, изјави адвокатката Анет Коринт.

Настанот се случи во болницата Хенриетштифт во Хановер, со која управува една организација поврзана со протестантската црква.

По смртта на 77-годишниот пензионер, неговото семејство побара од болницата надомест од 80.000 евра поради страдањето на починатиот, плус надоместок на трошоците.

Ахим Балкоф, портпарол на организацијата која раководи со болницата, ги отфрли тврдењата на Анет Коринт и изјави за Асошиетед прес дека споменатите предмети не можело да бидат оставени во телото на пациентот.

Причината, според неговите зборови, е што болницата таква опрема воопшто не користела.

Балкоф исто така, рече дека барањето за надомест на штета е “невообичаено висок” за овој вид на случаи.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски