Германската војска троши милиони евра на крема за сончање

Од:

Германската војска троши милиони евра на даночните обврзници за производство на своја сопствена линија за препарати за сончање, сируп против кашлање и балзам за усни, наместо да ги купува во продажните синџири.

Што е уште полошо, 90 отсто од производите коишто германската армија ги произведува за личните потреби на своите припадници на крајот завршуваат во отпад, се наведува во извештајот на Германскиот сојузен ревизорски суд.

Во годишниот извештај се наведува дека армијата потрошила 20 милиони евра на градење погон за производство на продукти за своите потреби, меѓу кои се и средства против каснувања од инсекти и спреј за нос.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени