Германската Влада препорачува да продолжат мерките за борба против Ковид-19

Од:

Германската Влада останува на препораката за задржување на општите мерки како што се физичка оддалеченост и ограничување на социјалните контакти по 5 јуни, објави денеска весникот „Билд“.

Според онлајн изданието на „Билд“, на денешниот состанок на претставниците на сојузните и федералните единици за продолжување на општите мерки за борба против ширењето на коронавирусот, кои се во сила од средината на март.

Според „Билд“, на препораките за пролонгирање на мерките се спротивставила сојузната држава Тириншка, чиј премиер Бодо Рамелов предизвика критики од другите сојузни провинции поради својата најава за укинување на општите мерки за борба против ширењето на коронавирусот.

Рамелов најави дека ќе и предложи на својата влада план наречен „Концепт на препораки и локална борба против Ковид-19“ што предвидува „регионализација“ на борбата против ширење на инфекцијата.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени