Германската влада планира да испрати дополнителен број хаубици на Украина

Од:

Германската влада планира да ги зајакне артилериските сили на Украина со испраќање дополнителен број хаубици во борбата против Русија, јави ДПА, повикувајќи се на извори во Бундесверот.

Берлин е во разговори со Холандија и други европски партнери за да помогне во спроведувањето на планот, велат изворите.

Досега Украина има добиено седум хаубици Panzerhaubitz 2000 од Германија и пет од Холандија.

Киев тврди дека ќе му бидат потребни вкупно 18 хаубици за опремување на целосен артилериски баталјон.

Германија е решена да одговори на потребата на Украина за уште шест хаубици, доколку другите земји од ЕУ придонесат, рече изворот, што значи дека Берлин ќе испорача уште два или три од своите вооружени системи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија изврши уште еден голем напад на енергетската инфраструктура низ Украина

Горан Наумовски

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Зеленски побара помош од САД против рускиот „воздушен терор“

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата