Германската Влада одлучи да го отежне преземањето на германските фирми надвор од ЕУ за време на пандемијата

Од:

Германската Влада во услови на пандемија од коронавирусот одлучи да го отежне преземањето на германските компании за инвеститорите кои се надвор од Европската Унија, а воедно дала согласност нереализираните услуги кон потрошувачите место во пари да се враќаат во бонови.
-Многу либералното германско законодавство за надворешна трговија ќе биде променето со цел да се заштитат германските безбедносни интереси, изјави министерот за економија Петер Алтмајер, по седницата на кабинетот на која беше донсена одлуката за дополнителниот пакет законски измени.

Со ова се сака да се отежне преземањето на делови од стопанството што се од стратешка важност, како што се компаниите за изработка на вакцини, но и енергетските компании.

Алтмајер најави и дека „во блиска иднина“, исто така, ќе се размислува за тоа како производството на важните медицински материјали повторно да се вратат во Европа.

Плановите за заострување на законот со кој на странските инвеститори ќе им се отежне преземањето на стратешки важните компании се донесени уште пред избувнувањето на пандемијата, но некои случаи, како обидите за привлекување на една германска фармацевтска компанија која работи на пронаоѓање на вакцината за коронавирусот, своите погони да ги пресели во САД и даде нова димензија на оваа идеја.

Германската Влада на истата седница донесе одлука за обештетување на корисниците на услуги кои заради пандемијата не можат да ги искористат своите купени билети за концерт, театарска претстава или некои друг настан.

Притоа е одлучено да не им се исплаќаат пари, туку бонови во вредност на платената нереализирана услуга. Боновите можат да се употребат по завршувањето на кризата со коронависурот.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски