Германската семафор-коалиција согласна за легализација на канабисот

Од:

Партиите на можната идна германска коалициска влада, Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Зелените и Либерално -демократската партија (ФДП), се согласуваат по прашањето за легализација на канабисот.

„Со години го одбивав легализирањето на канабисот, но сега како лекар имам поинакво мислење“, изјави портпаролот на СПД за здравствени прашања Карл Лаутербах, за весникот „Рајнише пост“.

Тој објасни дека во последно време е забележано дека илегалните трговци се повеќе мешаат хероин во канабисот, со што корисниците се навлекуваат на уште полоша зависност.

– Со легализација на продажбата на канабис, можно е да се реши проблемот со контаминираната марихуана, рече Лаутербах.

Тој се залага за тоа во идниот коалициски договор на т.н. семафор-влада помеѓу СПД, Зелените и ФДП, кои во моментов преговараат за можно формирање влада, да се вклучи и делот поврзан со легализација на продажбата на канабис.

Помалите партии од можната коалиција, Зелените и ФДП, исто така се за контролирана и легална продажба на канабис, додека СПД се залага за „регулирана дистрибуција“ како дел од пробните превентивни проекти.

Претседателот на германскиот полициски синдикат Рајнер Венд ги критикуваше плановите на можната идна влада и рече дека канабисот е дрога што, особено кај младите, води до здравствени проблеми и социјални конфликти.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски