Германската разузнавачка служба предавала информации од следени телефонски разговори на НСА

Од:

Германската Федерална разузнавачка служба (БНД) следела телефонски разговори од Франкфурт и податоците ги предавала на американската Агенција за национална безбедност (НСА), објави денеска на својот портал германскиот весник „Зидојче Цајтунг“.

dobivaj vesti na viber

Донесена е одлука ваквата пракса да се прекине, бидејќи од политичка гледна точка, таа е многу деликатна, изјави за весникот претставник на БНД.

„Зидојче Цајтинг“ наведува дека на НСА не и биле предавани информации за германски државјани.

Операцијата траела од 2004 до 2007 година. Пракасата почнала за време на владеењето на коалцицијата на Германската социјалдемократска партија и Зелените. Активностите на БНД ги контролира парламентот на државата.

Би можело да ве интересира

Германија: Сè уште важи нашата понуда за распоредување на системот Патриот за Полска

Ана Ололовска

Штајнмаер до албанските пратеници: Вашето срце чука за Европа, работете заедно успехот ќе дојде

А1он

Столтенберг: Потребна ни е силна и подготвена германска армија

А1он

Германските пратеници се жалат: Ладно ни е, не може да се загрееме

А1он

Шефот на НАТО ја пофали германската поддршка за Украина пред средбата во Букурешт

Ана Ололовска

Анкета: Повеќето Германци не ја сакаат повторно Ангела Меркел

Ана Ололовска