Германската полиција изврши претрес во домови на неколку членови на неонацистичката група

Од:

Полицијата во неколку германски покраини изврши претрес на осомничени лица од радикално десничарската група „Aryan Circle Germany”.

„Дванаесетте осомничени во јуни минатата година се здружиле во организацијата со цел за да подготват и преземат напади врз странци“, соопшти државното обвинителство во Фленсбург.

Според истите информации, осомничените засега не ги дефинирале конкретните цели за напади.

При претресите е запленето поголемо количество пропаганден материјал и дигитални докази за основање на екстремистичка група.

Некои од осомничените во минатото веќе се казнети заради кршење на законот за поседување оружје, како и заради казнување на делата со радикално десничарска заднина.

“Aryan Circle Germany” е формирана по урнекот на „Aryan Circle“ кои кон средината на осумдесетите години на минатиот век беше основана во затворите со цел да ја пропагираат надмоќноста на белата раса.

Германската Влада, по нападот врз синагогата во Хале, минатата есен, и масакрот со радикално десничарската заднина, минатиот месец, во Хабау, најави поостар однос кон екстремно десничарската сцена во земјата.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Ученик во Дрезден испуштил солзавец на час, 30 ученици се пренесени во болница

Германското обвинителство покрена истрага за разговорите за напад на мостот на Крим

Скок во приходите и профитот на голем германски производител на оружје

Германската полиција го пронајде бебето на убиената жена од Украина

Горан Наумовски