Германската држава во преговори за помош од милијарда евра за Луфтханза

Од:

Германија е во преговори да обезбеди милијарда евра помош за авиопревозникот Луфтханза, со можност да земе удел во таа компанија, која поради пандемијата на коронавирус призземји над 90 отсто од својата флота.

– Во близок контакт сме со сојузната влада заради обезбедување наша ликвидност, изјави портпаролот на Луфтханза, но одби да даде повеќе детали.

И портпаролот на германското Министерство за економија одби да коментира.

Германските медиуми објавуваат дека Луфтханза во разговорите со германската Влада соработува со банки, вклучувајќи ја и Дојче банк, која исто така одбила да коментира.

Минатата недела Луфтханза соопшти дека се уште не се пријавила за државна помош, но дека разговара со заемодавците и властите за тоа каква помош би била можна.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Ученик во Дрезден испуштил солзавец на час, 30 ученици се пренесени во болница

Германското обвинителство покрена истрага за разговорите за напад на мостот на Крим

Скок во приходите и профитот на голем германски производител на оружје

Германската полиција го пронајде бебето на убиената жена од Украина

Горан Наумовски