Германската ЦДУ го исклучува од членство поранешниот шеф на разузнавачката агенција

Од:

Раководството на водечката германска опозициска партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денеска едногласно усвои резолуција со која го повикува поранешниот директор на разузнавачката агенција Ханс-Георг Масен да ја напушти партијата, по неговиот контроверзен коментар.

Во 2018 година Масен беше разрешен од функцијата шеф на разузнавачката агенција (BfW), откако го минимизира десничарското насилство врз мигрантите во источниот град Кемниц. Оттогаш тој стана гласна, но маргинална фигура во тврдото крило на ЦДУ, партијата што со години ја раководеше поранешната канцеларка Ангела Меркел.

Партиското раководство го загуби трпението по твитот на Мејсон од средината на јануари, во кој тој рече дека „расизмот против белците“ е насоката на „движечките сили во политичко-медиумската сфера“ во Германија.

Лидерот на ЦДУ, Фридрих Мерц, викендов изјави дека за „јазикот и мислите што ги искажал“ Масен „нема место“ во партијата, додека во резолуцијата усвоена денеска се наведува дека тој често „користи јазик од милјето на антисемитисти и идеолози на заговор”.

Во Германија исклучувањето членови од партија е комплициран и долг, честопати неуспешен процес. Во денешната резолуција се наведува дека раководството ќе бара да започне процес за исклучување на Масен од партијата доколку тој самиот не поднесе оставка до крајот на неделата.

Масен беше избран во саботата за лидер на групата која тврди дека ги претставува конзервативните членови на ЦДУ, иако таа не е формално поврзана со партијата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Ученик во Дрезден испуштил солзавец на час, 30 ученици се пренесени во болница

Германското обвинителство покрена истрага за разговорите за напад на мостот на Крим

Скок во приходите и профитот на голем германски производител на оружје

Германската полиција го пронајде бебето на убиената жена од Украина

Горан Наумовски