Германка ставала игли за шиење во месо во „Лидл“

Од:

Германската полиција приведе 60-годишна жена, за која постои сомнеж дека ставала игли за шиење во пакувањата со мелено месо и останати месни производи, во продавниците на „Лидл“.

Од октомври минатата година полицијата регистрирала 20 случаи на пронаоѓање на игли во пакувања со свежо и преработено месо.

Производите биле купувани во Еутин и Амелент во близина на Лубека, но за среќа никој од потрошувачите до сега не е повреден.

Седумнаесетгодишно девојче открило игла во усните, но за среќа не ја голтнало, додека друга жена поминала со лесна повреда бидејќи го подготвувала оброкот со месо во кое имало игла.

Полицијата не можела да го открие идентитетот на тајниот злосторник, поради што во супермаркетите поставила камери за надзор. Жената е идентификувана откако ја снимиле камерите, но мотивот за овој злобен чин се уште не е познат.

Интересно е тоа што германската јавност не била запознаена со случајот се до минатата недела.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани