Германија забрани радикално десничарски собир на Комбат 18

Од:

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Сехофер (Кристијанско-социјалната унија ЦСУ) денеска го забрани радикално десничарскиот собир на Комбат 18, откако претходно беше извршен претерес во повеќе објекти на организацијата.

– Денешната забрана е јасна порака – во нашето општество нема место за екстремната десница и антисемитизмот, истакна Сехофер.

Во образложението за забраната се наведува дека организацијата Комбат 18 е „блиска до националсоцијалистичката идеологија“ и оти со насилни средства се бори против уставноправниот поредок на Германија. Додека бројот 18 ги означува првата и осмата буква во германската азбука А и Х односно иницијалите на Адолф Хитлер.

Комбат 18 се смета и за вооружено крило на забранетата организација Крв и чест.

Стефан Е. осомничен за минатогодишното убиство на демохристијанскиот политичар Валтер Луебке, кој се залагаше за заштита на бегалците, исто така беше поврзан со Комбат 18.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени