Германија воведува задолжително вакцинирање против мали сипаници

Од:

Германскиот Бундестаг започна со советување за законски измени со кои се воведува обврска да се вакцинираат деца од предучилишна и училишна возраст против мали сипаници, јавуваат германските медиуми.

– Мојата желба е ниту едно дете да не заболи од мали сипаници и никој да не умира од последиците од оваа болест, рече државниот секретар во Министерството за здравство Томас Гебард.

Тој додаде дека 95 проценти од граѓаните треба да бидат имуни на мали сипаници.

Законските измени предвидуваат дека од март следната година, при запишувањето на децата во училишта и градинки, родителите мора да достават доказ дека детето е вакцинирано против мали сипаници.

За непочитување на обврската предвидена е казна од 2.500 евра.

Единствената парламентарна партија која не поддржува воведување обврска за вакцинација е Алтернатива за Германија (АфД).

Би можело да ве интересира

Рекордно мал број загинати во сообраќајни несреќи во Германија

А1он

Германската Влада ја спасува Луфтханза со девет милијарди евра

А1он

Германската Влада препорачува да продолжат мерките за борба против Ковид-19

А1он

Гренел потврди дека заминува од амбасадорското место во Германија

Меркел го оправда ограничувањето на основните права за време на пандемијата

А1он

Повеќе од четириесет верници заразени со Ковид-19 во Франкфурт по црковната служба

А1он