Германија: Уапсен десничарски екстремист поради закани кон политичари и новинари

Од:

Германската полиција уапси 53-годишен маж осомничен дека на политичари, адвокати и новинари им испратил десетици заканувачки пораки, потпишани со акроним на една екстремно десничарска терористичка група.

Обвинителството во Франкфурт, кое го води случајот, соопшти денеска дека мажот бил уапсен вчера во Берлин. Името на уапсениот не е објавено поради безбедносни причини, но се наведува дека тој бил и претходно осудуван поради различни насилни кривични дела, вклучувајќи и случаи мотивирани од крајно десничарска идеологија.

Осомничениот ги потпишувал пораките со кратенката „НСУ 2.0“, што е алузија на илегалната национал-социјалистичка терористичка група, која била активна во Германија во периодот меѓу 1998 и 2011 година и одговорна за повеќе расистички мотивирани злосторства, вклучувајќи и убиство на деветмина мигранти и една полицајка.

Полицијата претпоставува дека осомничениот од 2018 година испратил речиси 100 заканувачки пораки на различни лица и организации во Германија и Австрија.

Би можело да ве интересира

Германија ќе ја препорача вакцината на Џонсон и Џонсон за лица постари од 60 години

Ана Ололовска

Вакцинираните во Германија од недела ќе бидат ослободени од многу мерки

Ана Ололовска

Германија не се согласува вакцинaта против Ковид-19 да стане јавно добро

Жарко Настоски

Во Германија вакцината „АстраЗенека“ пак ќе се користи кај луѓе од сите возрасти

Жарко Настоски

Меркел се спрема за пензија: Ќе се наспијам и ќе шетам во природа

Жарко Настоски

Вакцинираните Германци од денес не мораат да ги почитуваат заштитните мерки

Жарко Настоски