Германија: Терористичката закана во Европа расте поради ИД

Од:

Заканата од исламистички тероризам во Европа ќе продолжи да расте додека радикалната група „Исламска држава“ контролира територии во Сирија и Ирак, објави германското внатрешно разузнавање, пренесува ДПА.

– Воените успеси на ИД и прогласувањето на калифат создадоа нова димензија на терористичката закана, се наведува во извештајот за 2014 година на Федералната служба за заштита на уставот.

Ако ИД успее да се задржи на долг рок, глобалната света војна џихад ќе се стекне со логистички центар, од каде ќе се координираат сложени напади, се наведува во извештајот.

Прогласувањето на калифат и воените успеси на ИД создаваат атмосфера на еуфорија меѓу европските џихадисти, што води кон постојан раст на поддршката за терористите.

Германското внатрешно разузнавање, исто така, наведува дека бројот на крајнодесничарски екстремисти во земјата е намален, но дека се зголемува бројот на напади и ксенофобични изјави на таквите групи против бегалските кампови.

Претходно германското обвинителство објави дека е покренато против 22-годишен маж со двојно германско и турско државјанство обвинение за убиство и членување кон терористичка организација под сомнение дека се борел на страната на ИД во Сирија.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани