Германија со нов рекорд заразени од коронавирус, повеќе од 50.000 за еден ден

Од:

Германија има рекорден број нови инфекции со коронавирус, 50.196 нови случаи за 24 часа, што е знак за силата на овој бран на епидемија што ја погоди земјата, соопшти Институтот „Роберт Кох”.

Ова е првпат од почетокот на пандемијата да биде надминат прагот од 50.000 нови случаи за еден ден. Бројот на починати за 24 часа изнесува 235.

Канцеларката во заминување Ангела Меркел во средата го опиша новото зајакнување на епидемијата во земјата како „драматично”, што е особено забележливо од октомври.

„Пандемијата повторно се шири на спектакуларен начин”, рече нејзиниот портпарол, повикувајќи ги регионалните власти, кои се задолжени за здравствените прашања, повторно да воведат мерки за да ја стават ситуацијата под контрола.

Како што пренесуваат германските медиуми, зголемувањето на бројот на заболени се припишува првенствено на релативно нискиот опфат со вакцинација кај германското население, кој изнесува околу 67 проценти.

Од понеделник, Берлин ќе им забрани на невакцинираните лица да пристапуваат во ресторани без тераси, барови, спортски сали и фризерски салони. На овие јавни места не може да се влезе со приложување негативен тест, доколку лицето не е вакцинирано или не може да докаже дека прележало.

Вкупно 4,9 милиони луѓе се заразени во Германија од почетокот на пандемијата.

Би можело да ве интересира

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Ученик во Дрезден испуштил солзавец на час, 30 ученици се пренесени во болница

Германското обвинителство покрена истрага за разговорите за напад на мостот на Крим

Скок во приходите и профитот на голем германски производител на оружје