Германија: Служба против перење пари е под истрага

Од:

Германското обвинителство денеска соопшти дека запленило документација во министерствата за финансии и за правда, во рамки на истрагата за можно попречување на правдата од страна на владината агенција одговорна за спречување перење пари.

Според обвинителството, истрагата за Царинскиот оддел за борба против перење пари (ФИУ) трае од 2020 година, бидејќи таа агенција не ги доставила банковните извештаи за евентуално перење пари до полицијата и судството.

Истрагата е покрената откако банката му пријави на ФИУ сомнителни плаќања во Африка во износ од над еден милион евра, за кои се сомнева дека може да бидат поврзани со трговија со оружје и дрога или финансирање тероризам.

ФИУ го разгледа извештајот, но не го проследи до полицијата и судството.

Обвинителството потврди дека го разгледува и фактот што откако ФИУ ја презеде работата за спречување перење пари во 2017 година, извештаите за сомнителни активности драстично се намалија.

Утврдено е дека со досегашната истрага против ФИУ е откриено дека постоела опсежна комуникација со министерствата кои беа претресени денеска, со цел запленетата документација да укаже до кој степен службениците на министерствата биле вклучени во одлуките на оваа владина агенција.

ФИУ е дел од германската Федерална царинска управа, која е под контрола на Министерството за финансии.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски