Германија се сомнева дека Ал Каеда стои зад самоубиствениот бомбашки напад во Мали

Од:

Германија ги испитува тврдењата на исламистичката терористичка група ЈНИМ дека стои зад минатомесечениот самоубиствен бомбашки напад врз воениот конвој на ОН, предводен од германски трупи во Мали, изјави денеска портпаролот на Министерството за одбрана во Берлин, јави ДПА.

Нападот беше извршен на 25 јуни и доведе до повредување на 12 германски и еден белгиски војник. Војниците се движеа во конвој под покровителство на мисијата на ОН МИНУСМА во оваа западноафриканска земја.

Германскиот магазин „Шпигел“ претходно објави дека групата ЈНИМ, која е поврзана со Ал Каеда, на Интернет ја презема одговорноста за нападот. Притоа, исто така, беше објавена и фотографија на лицето за кое се тврди дека е одговорно за нападот, додаде „Шпигел“.

Првиот човек на германската федерална разузнавачка служба (БНД),Бруно Кал, изјави дека најверојатно за нападот е одговорна филијала на Ал Каеда.

„Шпигел“ објави дека групата досега извела голем број напади врз меѓународните трупи стационирани во Мали.

ЈНИМ тврди дека нејзините борци ги зголемиле своите напади врз, како што ги нарекуваат, окупаторските сили, откако францускиот претседател Емануел Макрон минатиот месец соопшти за суштински промени во военото присуство на Франција во Сахел.

ЈНИМ, чие арапско име значи Група за поддршка на исламот и муслиманите, со години назназад е активна во северен Мали.

Би можело да ве интересира

Олаф Шолц: Гласачите покажаа дека сакаат да бидам идниот канцелар на Германија

Лашет: Тесна борба, унионистите сакаат да ја предводат владата

Излезни анкети: ЦДУ/ЦСУ и СПД освоија по околу 25 проценти од гласовите на изборите во Германија

Катерина Павлова-Николовска

Германците одлучуваат кој ќе биде наследник на Ангела Меркел

Катерина Павлова-Николовска

Германците утре го бираат наследникот на Ангела Меркел

Катерина Павлова-Николовска

Меркел повика да се гласа за Лашет со цел „Германија да остане стабилна“

А1он