Германија продолжува да го зголемува извозот на оружје

Од:

Германскиот извоз на оружје и во првиот квартал од годината има натамошен раст, при што извозот расте во земји што не се членки на Европската унија, нити на НАТО, пренесе Хина.

„Во првиот квартал од оваа година Германија извезла оружје во вредност од 1,16 милијарди евра, во споредба со 1,12 милијарди евра во истиот период од минатата година“, соопшти денеска германската Влада на прашање на пратеничката на партијата Левица, Севим Дагдален.

За разлика од минатата година кога најголем дел од извозот на оружје беше наменет за некоја од земјите членки на Европската унија, годинава најголемиот дел отпаѓа на извозот во таканаречените трети змеји, што не се членки на ЕУ и на НАТО.

Експертите проценуваат дека висината на вредноста на извозот од вкупно 615 милиони евра во таканаречените трети земји во најголем дел се однесува на испораката на една подморница за Египет.

Невладините организации досега често пати го критикуваа извозот на германското вооружување и воена опрема за Египет, која активно учествува во војната во Јемен.

Германската Влада минатата година одобри извоз на вооружување во вредност од повеќе од осум милијарди евра.

Пратеничката Дагдален ја повика владата да ја смени политиката на извоз на оружје.

-Додека Обединетите нации во текот на коронавирусот повикуваат на глобално примирје, Германија со извозот на оружје во кризните региони додава масло на огнот, изјави Дагдален. Таа кажа дека на Германија и е потребно пренасочување на производството од вооружување на цивилна стока, како медицинската опрема.

Според податоците на шведскиот Институт за следење на трговијата со оружје – Сипри, Германија во периодот од 2015 до 2019 година во споредба со периодот од 2010 до 2014 година го зголемила својот извоз на оружје за 17 отсто.

Би можело да ве интересира

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Криминалци од Србија продавале дрога и оружје во Данска, заработиле над два милиони евра

Нови фотографии од салата во Москва, терористите оставиле оружје и муниција зад себе

А1он