Германија поставува услов за испраќање „патриот“ ракети во Турција

Од:

Германија поставува услов за испраќање на „патриот“ ракетни системи во Турција и бара тие да бидат поставени најмалку 10 километри од границата со Сирија.

Германија укажува на чисто дефанзивниот карактер на „патриот“ ракетите и затоа германските војници и вооружување нема да бидат сместени во непосредна близина на границата, пишуваат германските весници.

Германската Влада минатата недела донесе одлука за испраќање „патриот“ ракети во Турција, а германскиот Бундестаг, кој го има последниот збор, се очекува за тоа да одлучува во текот на неделата.

Заедно со „патриот“ ракетните системи треба да бидат испратени и околу 400 војници од Бундесверот, а мандатот на нивната мисија е ограничен од 31 јануари 2014 година.

Германските медиуми наведуваат дека распоредувањето „патриот“ ракети ќе биде во тесна соработка со Холандија и САД, кои исто така поседуваат ракетни системи.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица