Германија покрена обвинение против поранешен југословенски шпион

Од:

Поранешен висок службеник на тајните служби на некогашна Југославија е обвинет во Германија за соучество во убиство на политички дисидент пред 31 година.

Германското Обвинителство соопшти денеска дека на 22 јули покренало обвинение против 72-годишниот хрватски граѓанин Здравко Мустач, кој беше екстрадиран во Германија во април оваа година.

Мустач е обвинет дека како шеф на југословенските тајни служби издал наредба за убиство на дисидентот Стјепан Ѓурековиќ, извршено на 28 јули 1983 година во Минхен.

Според обвинителството. Мустач му наредал на свој потчинет, Јосип Перковиќ да ги испланира деталите на убиството. Перковиќ во јануари годинава, исто така, беше екстрадиран во Германија.

Хрватска првично одби да го предаде Перковиќ, но потоа попушти под притисокот на Германија.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени