Германија: Одлуката на Русија за протерување на дипломатите е неправедна

Од:

Германија денеска ја оцени како неправедна одлуката на Русија да протера двајца германски дипломати од Москва, што беше одговор на одлуката на Берлин минатата недела да прогласи двајца руски дипломати за „персони нон грата“.

Германија го најави протерувањето на двајца руски дипломати минатата недела поради, како што наведе, одбивањето на Москва да соработува во истрагата за убиството на еден грузиски државјанин, за кое германските обвинители ги сомничат Русите или Чеченците.

– Германската Влада со жалење ја констатира одлуката на руските власти да прогласат двајца вработени во германската амбасада во Москва за „персони нон грата“, наведува германското Министерство за надворешни работи, додавајќи дека „тоа испраќа погрешен сигнал и е неправедно“.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад