Германија независно од ЕУ ќе преговара за набавка на „Спутник В“

Од:

Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, денеска соопшти дека Германија, во билатерални разговори со Русија, без разлика на позицијата на Европската унија, ќе обезбеди купување на вакцината „Спутник В“.

-Им соопштив на моите колеги од Европската унија, откако Европската комисија синоќа одлучи дека нема да потпише договор за испорака на вакцината „Спутник В“, дека Германија билатерално ќе преговара за оваа вакцина, рече Шпан за ВДР.

Министерот, истовремено, кажа дека Русија мора прво да исполни два услова. Едниот е поврзан со испораката на дополнителни податоци до Европската агенција за лекови (ЕМА), за „Спутник В“ да може да добие дозвола за употреба во Европската унија. Вториот услов се однесува на брзината на испораката на вакцината.

Би можело да ве интересира

Османи: Немаме вакцини и ни умираат луѓе, не можеме сега да разговараме со Србија

Жарко Настоски

Вучиќ: „Торлак“ ќе биде најдобрата фабрика за вакцини во Европа, вложуваме десетици милиони евра

Жарко Настоски

Продолжен рокот за пријавување на новинари и на медиумски работници за вакцинација против Ковид-19

Жарко Настоски

Филипче ќе преговара „Торлак“ да стане наш стратешки партнер за набавка на вакцини

Маја Илиевска-Пачемска

Фајзер, Спутник или Синофарм – истражување во Србија покажува која од вакцините заштитува најбрзо

Контролни вакцини од Институтот Торлак се испратени на анализа во Москва