Никој нема да биде екстрадиран од Германија ако е осуден на смртна казна во друга држава, изјави Мартин Шефер, портпарол на германското МНР. Тој беше запрашан каква ќе биде судбината на новинар на Ал Џазира приведен во саботата на берлинскиот аеродром по барање на Египет.
Суд во Каиро го осуди Ахмед Мансур кој е со двојно државјанство – британско и египетско – на 15 години затвор.
Тој е обвинет дека малтретирал адвокат во 2011 година на плоштадот Тахрир каде беа најмасовните протести што предизвикаа паѓање од власт на Хосни Мубарак.
– Во овој момент сме далеку од донесување одлука дали ќе го екстрадираме Ахмед Мансур, додаде Шефер.