Германија ќе почне да ги намалува трупите во Авганистан

Од:

Германија ќе почне да го намалува своето воено присуство во Авганистан по мировниот договор меѓу САД и талибанците, изјавија воени извори за агенцијата ДПА.

Во Авганистан во моментов има околу 1.300 германски војници кои се дел од мисијата на НАТО Одлучна поддршка.

Внатрешните проценки покажале дека Германија може да ја продолжи својата задача за обука и советување на авганистанските трупи дури и со 18-процентно намалување на трупите на терен.

Во северен Авганистан, Германија е таканаречена рамковна нација, која обезбедува услуги за други вооружени сили.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис