Германија ќе организира конференција за кризата со бегалците од Сирија и од Ирак

Од:

Германското Министерство за надворешни работи соопшти дека ќе организира меѓународна конференција за кризата со бегалците, предизвикана од конфликтите во Сирија и во Ирак.

– Конференцијата е планирана на 28 октомври, бидејќи претпоставуваме дека ситуацијата во Сирија ќе се подобри во следните месеци, изјави портпаролот на германското МНР Саусан Чебли.

Но, не е прецизирано каде ќе се одржи конференцијата.

Пред два дена Анкара соопшти дека за четири дена во Турција влегле околу 130.000 луѓе, кои бегале од припадниците на Исламска држава. Од почетокот на конфликтот во 2011 година Сирија ја напуштиле околу три милиони луѓе.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани