Германија ќе ја задржи Британија во ЕУ

Од:

„Германија ќе направи се, за да ја задржи Велика Британија во ЕУ“, изјави германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле. Тој за „Фајненшл тајмс”, рече дека несогласувањата поради Јункер, не се пречка за британското членство во ЕУ и дека Германија како најголема економија во Унијата ќе направи се за да ја спречи Британија да ја напушти ЕУ.

-Велика Британија е суштинска, незаменлива компонента на единството на Европа. ЕУ без Велика Британија е апсолутно неприфатлива, незамислива. Затоа ќе направиме се британските интереси и ставови да се пронајдат во европската политика- истакна Волфганг Шојбле.

Како што пренесе „Ројтерс“ германскиот министер додал дека Германија и другите држави од ЕУ, треба ја сослушаат Велика Британија и дека Лондон и Берлин имаат многу работи заеднички, по прашањето за економски реформи.

Истиот став го дели и германската канцеларка Ангела Меркел, која се изјасни дека сака Британија да остане во ЕУ.

Лидерите во петок со 26 гласови ја подржааа кандидатурата на Јункер за претседател на Европската комисија, а единствено против беа британскиот премиер Дејвид Камерон и унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Пред самото гласање, Камерон вети дека ќе се бори до крај со цел да го спречи именувањето на Јункер за претседател на ЕК, истакнувајќи при тоа дека тој е федералист кој нема да ги усвои реформите, за кои Лондо смета дека се потребни.

Тој исто така предупреди дека неговата држава би можела да ја напушти ЕУ, доколку Јункер стане претседател на ЕК.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Заврши скрининг процесот – заокружена првата фаза од целта за членство во ЕУ до 2030 година

Горан Наумовски

Маричиќ и Османи од Брисел: Позитивниот моментум за проширување во ЕУ е шанса која Македонија не смее да ја пропушти

Орце Костов

Мистериозна смрт на Албанец во Германија: Телото пронајдено во шума, тинејџер ја презеде вината

Горан Наумовски

Снежно невреме во Германија и Швајцарија

Горан Наумовски

Поради невремето откажани над 150 летови во Германија, локалните патишта се покриени со снег

Горан Наумовски

Спречен терористички напад во Германија