Германија ја интензивира борбата против екстремната десница

Од:

Германската сојузна канцеларија за борба против криминалот (БКА) со формирање на специјално одделение и структурални промени планира да ја интензивира борбата против екстремната десница.

Според германските медиуми, БКА планира да вработи 400 нови службеници, чија цел ќе биде борба против „криминалната омраза“ на екстремната десница. Со тоа БКА планира да се справи со опасноста од насилната екстремна десница.

БКА наведува дека за формирање на одделението иницијален настан е убиството на демохристијанскиот политичар Валтер Лубке, кој во јуни беше убиен од еден радикален десничар поради неговите либерални ставови, соопшти БКА.

– Целта е правовремено откривање на мрежите и подобрување на размена на информации на национално и меѓународен план и во случај на следење на исламскиот екстремизам, се наведува во соопштението на БКА.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени