Германија изрази солидарност со Израел и повика на прекин на огнот

Од:

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас денеска изрази „солидарност“ со Израел и повика на прекин на огнот со Хамас.

– Сметаме дека она што го прави Израел (во Појасот Газа) е покриено со правото на самоодбрана, рече Мас на заедничката прес-конференција во Тел Авив со израелскиот колега Габи Ашкенази.

– Израел сега го користи тоа право и тоа значи дека не смее да дозволи системите што ги напаѓаат израелските цели да продолжат да функционираат, додаде тој, осврнувајќи се на конфликтот меѓу Израел и Хамас кој почна на 10 мај.

– Дозволете ми да повторам многу јасно, за нас, безбедноста на Израел и со тоа безбедноста на сите германски Евреи не е нешто за што може да се преговара и Израел секогаш ќе може да смета на тоа, нагласи тој.

Но, „бројот на жртви расте секој ден и тоа многу нè загрижува“, додаде Мас.

– Затоа ги поддржуваме меѓународните напори со цел да се прогласи прекин на огнот и ние сме подеднакво убедени дека, во интерес на населението, насилството мора брзо да заврши, истакна шефот на германската дипломатија.

Маас вечерва ќе се сретне и со палестинскиот претседател Махмуд Абас во Рамала на Западниот брег, но нема да зборува директно со Хамас, кој ЕУ го смета за терористичка организација.

Би можело да ве интересира

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

Откриен еден од израелските планови за одмазда на Иран

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Израелскиот министер за одбрана разговараше со својот американски колега: Немаме друг избор освен да му одговориме на Иран

Предраг Петровиќ