Германија: Иницијативата за формирање на косовска војска е ризична

Германската Влада денеска ја оцени како ризична иницијативата за формирање на косовска војска поради можните тензии со Србија и загрозување на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Реакцијата на Берлин следи еден ден откако новиот американски амбасадор во Приштина, Филип Коснет, оцени дека формирањето на косовската армија е позитивен чекор, особено поради тоа што „косовските лидери истакнаа дека оваа армија во иднина ќе биде дел од меѓународните мировни операции“.

Во реакцијата на германската Влада, објавена од приштинскиот весник Експрес, се наведува дека „Германија го признава Косово како суверена држава. Затоа, не го доведуваме во прашање сувереното право на Косово да воспостави регуларни вооружени сили. Најважно е процесот да биде навремен. Сега, оваа иницијатива е изложена на ризик поради можните тензии со Србија и заканата од дијалог посредуван од ЕУ“.

Германската Влада истовремено ги предупреди властите во Косово дека „во овој момент имаат други приоритети“ и оти енергијата мора да ја насочат кон започнување на социјални и економски реформи, како и за зајакнување на владеењето на правото.

– Не треба да се брза со трансформација на Косовските безбедносни сили. Тоа мора да се направи преку сеопфатен процес, во кој особено би требало да се вклучи српското малцинство, согласно уставот и во соработка со партнерите, порача германската Влада.

Би можело да ве интересира

Јакуп Красниќи отпатува за Хаг

Ана Ололовска

Француско-германскиот предлог за мигранти го прифатиле 14 земји

Ана Ололовска

Германија ќе го исполни барањето на НАТО да троши 2% од БДП за одбрана до 2024, тврди бриселски весник

Ана Ололовска

Харадинај потврди дека денеска ќе отпатува за Хаг

Ана Ололовска

Харадинај ги извести за оставката парламентарните партии, но не и Српската листа

Албанскиот претседател Мета се сретна со Харадинај во Приштина