Германија и нуди соработка на Русија за да се намали напнатоста околу Украина

Од:

Проширување на економската соработка со Русија на подрачјето на обновливите извори на енергија, би можело да помогне да се намали тензијата околу Украина, порача германскиот министер за економија Роберт Хабек во разговор со германските медиуми.

– Би требало да размислуваме и за нови подрачја на соработка, што може да им помогне и на двете страни да излезат од позицијата на конфликт, изјави министерот во денешното интервју за „Дер Шпигел“.

Коментирајќи ја можноста за исклучување на Русија од меѓународниот платен систем Свифт, членот на Партијата на зелените, кажа дека „општото набројување на санкции“ нема смисла.

Тоа е крајната економска санкција, напомена тој, нагласувајќи дека целта му е да се намали напнатоста.

Водечките руски и американски дипломати треба да се сретнат денеска во Швајцарија за повторно да разговараат околу зголемената напнатост во врска со Украина, откако претходните состаноци не доведоа до напредок.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок вчера ја повика Русија да прекине со политиката на зголемување на напнатоста. Баербок предупреди дека во случај на агресивни потези, Русија ќе се соочи со низа санкции.

– Германија е подготвена да ги брани своите суштински вредности во сегашниот ќор-сокак, па дури и ако мора да плати висока економска цена, изјави Баербок во Москва.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси