Германија е соочена со закана од исламисти и крајнодесничарски групи

Од:

Германското внатрешно разузнавање соопшти дека земјата е соочена пред зголемена закана од милитантни исламисти и крајнодесничарски групи.

Според Федералната служба за заштита на уставот бројот на муслиманите салафити во Германија се зголемил на 3.800 минатата година.

Во својот годишен извештај за екстремизмот во Германија, службата исто така истакнува дека во 2011 година се зголемил бројот на членовите на крајнодесничарските групи, кои прибегнуваат кон насилство. Во целина, бројот на членовите на крајнодесничарските организации се намалил на 22.400 од 25.000 во 2010 година.

Шефот на службата Хајнц Фром поднесе оставка порано овој месец, откако беше подложен на силен политички притисок за тоа дека службата не успеала да спречи серија неонацистички убиства. Владата денеска на негово место го назначи Ханс-Јорг Масен.

Би можело да ве интересира

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Ученик во Дрезден испуштил солзавец на час, 30 ученици се пренесени во болница

Германското обвинителство покрена истрага за разговорите за напад на мостот на Крим

Скок во приходите и профитот на голем германски производител на оружје