Германија донесе закон со кој се казнува фотографирање на лица кои загинале во несреќи

Од:

Германскиот Парламент усвои закон со кој се криминализира фотографирање или снимање лица кои загинале во несреќи. Согласно предлог-законот што беше донесен вчера, таквите дела ќе бидат третирани кривично.

Овој потег на Германија, кој сега предвидува казна или затвор до две години за такви фотографии, следува по минатогодишното одобрување на сличен закон во Англија и Велс, со кој се забранува такво фотографирање.

Според законот, забрането е да се снимаат и дистрибуираат неовластени фотографии што „прикажуваат мртво лице на навредлив начин“.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени