Германија бележи пад на барањата за азил

Од:

Германија бележи пад од 16,4 проценти на барањата за азил, поднесени во првата половина на оваа година во споредба со податоците за истиот период минатата година, соопшти германското Министерство за внатрешни работи.

Од јануари до крајот на јуни биле поднесени 93.316 барања за азил.

Тоа се 18.300 помалку во споредба со првата половина на 2017 година. Најголем број барања се поднесени од Сиријци (22 520), потоа од бегалци од Ирак (9015) и од Авганистан (6222).

Во првите шест месеци од 2018 година, германските властите се произнеле по 125.900 молби, меѓу кои има и такви, кои били поднесени претходните години.

Околу 40.000 луѓе имаат добиено азил или слична заштита, 45.000 апликации биле отфрлени, а 40.000 случаи биле решени на друг начин, на пример, досието било испратено во друга европска земја за добивање азил или пријавата била повлечена.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени