Германија бара ослободување на уапсените демонстранти во Белорусија

Од:

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас побара од белоруските власти под итно да ги ослободат уапсените демонстранти и новинари, кои според него „мирно протестираа користејќи ги своите демократски права“.

– Ќе Ве потсетам дека Европска Унија ги укина санкциите кон Белорусија бидејќи се обврза дека ќе ги ослободи политичките затвореници. Сепак, ќе продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата, посочи Мас.

Тој додаде дека ЕУ повторно ќе ја разгледа одлуката за укинување на санкциите.

Според неименуван дипломатски извор на 27 и 28 август во Брисел ќе се одржи неформален состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, на кој тема ќе биде одговорот на ЕУ на случувањата во Белорусија по претседателските избори.

Претходно, белоруското Министерство за внатрешни работи соопшти дека се приведени околу 2.000 незадоволни граѓани, а за време на протестите повредени се 21 полицаец, од кои петмина се хоспитализирани.

Опозициската кандидатка на претседателските избори во Белорусија, Светлана Тихановскаја, која замина во Литванија, денеска апелираше до своите сограѓани да не и се спротиставуваат на полицијата и да избегнуваат ситуации опасни по живот.

Во Белорусија синоќа, втора вечер по ред, полицијата ги растера демонстрантите кои протестираа против изборната победа на Лукашенко, кој е на власт од 1994 година.

Протестите и судирите со полицијата почнаа во неделата вечерта, по објавувањето на првичните резултати од претседателските избори, на кои Лукашенко доби над 80 отсто од гласовите и го освои шестиот мандат.

Би можело да ве интересира

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Ученик во Дрезден испуштил солзавец на час, 30 ученици се пренесени во болница

Германското обвинителство покрена истрага за разговорите за напад на мостот на Крим

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија