Германиците јадат помалку месо, а се хранат најмногу дома

Од:

Германските граѓани јадат се помалку месо, а навиките за јадење се смениле за време на корона-кризата, така што сега се повеќе граѓани подготвуваат храна дома, беше објавено денеска во Берлин за време на презентација на владини извештаи за исхрана.

„Само 26 отсто од граѓаните се изјасниле дека консумираат месо и месни производи на ден.

Во 2015 година, тој процент беше значително повисок – 34отсто”, се наведува во анкетата спроведена за редовниот извештај на Владата „Извештај за исхрана”.

Резултатите од анкетата беа претставени денеска во Берлин спроведена од Институтот Форса.

Министерката за земјоделство Јулија Клокнер за време на презентацијата на извештајот истакна дека свеста за локалните прехранбени производи се зголемила за време на пандемијата.

– Се создаде нова свест за прехранбените производи и луѓето кои се сигурни дека храната стигнува до потрошувачите, рече Клокнер.

За време на пандемијата, се зголемил и процентот на оние кои подготвуваат храна дома.

Триесет проценти од испитаниците рекле дека сега повеќе готват дома, а 20 проценти од испитаниците рекле дека сега подготвуваат храна со свежи состојки.

Како резултат на тоа, се намалила побарувачката за готови оброци.

Огромно мнозинство (82 проценти од испитаниците) обрнуваат големо внимание на фактот дека производите што ги купуваат доаѓаат од регионот во кој живеат.

Би можело да ве интересира

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија-патниците биле средношколци

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Ученик во Дрезден испуштил солзавец на час, 30 ученици се пренесени во болница

Германското обвинителство покрена истрага за разговорите за напад на мостот на Крим