Германецот возел 300 километри на час во погрешна насока, го бркале 41 полициски автомобил, хеликоптер…

Од:

Германската полиција во раните утрински часови во близина на југозападниот град Штутгарт беше вклучена во потера по возач на автомобил кој по автопат возел дури 300 километри на час.

Трката беше филмска, а се започна кога возачот влезе во сообраќаен метеж, а потоа со возилото забрза назад кон Штутгарт возејќи во погрешна насока.

Очевидци повикале итна помош, а во потерата се вклучила и полиција која во неколку наврати го губеле возилото од вид. Конечно полицискиот хеликоптер го пронашол возилото кое возачот го оставил на автопатот, го паркирал и побегнал.

Возилото е одземено, а истрагата се обидува да утврди кој го управувал. Во ноќната потера учествувале 41 полициско возило од шест полициски станици и еден хеликоптер.

Би можело да ве интересира

Пропадна референдумот во Берлин, не излегоа доволно гласачи

Горан Наумовски

Маж во Хамбург уби човек, а потоа се самоуби

(ВИДЕО) Протести за климата во Германија, активисти ги блокираа мостовите во Хамбург

Посебен режим на сообраќај утре во општина Аеродром

ВИДЕО: Возач на автомобил газеше пешаци на аеродром во Келн, има повеќе повредени

Ана Ололовска

Група девојчиња со часови мачеле 13-годишно девојче во Германија, и гаселе цигари на лицето, па и ја запалиле косата

Горан Наумовски