Германец може да заработи затвор во Швајцарија поради пребрзо возење

Германски државјанин во Швајцарија го возел својот автомобил со брзина од 249 километри на час на делница каде што ограничувањето на брзината е 120 километри на час, за што покрај парична казна и одземање на возачката дозвола, може да добие и до четири години затворска казна.

Инцидентот се случил во неделата близу Боденското Езеро. Полицијата веднаш му ја одзела дозволата, го запленила автомобилот и го привела возачот.

Пребрзото возење според швајцарските закони се третира како кривично дело, а не како прекршок и предвидени се затворски казни во траење од една до четири години.

Пред пет години, друг Германец беше фатен како вози со 200 километри на час во тунел, по што беше осуден на 30 месеци затвор.

Би можело да ве интересира

Салвини: Не може Франција и Германија сами да ја креираат миграциската политика

Швајцарски кантон продава куќи по само еден франк

Авион се заби во зграда во Германија, три лица загинаа

Татјана Ташкова

Франција и Германија го повикаа Иран да го ослободи британскиот танкер „што е можно поскоро“

Меркел: Британија ќе остане партнер дури и кога нема да биде во ЕУ

Ана Ололовска

Меркел тврди дека е подготвена за работа по епизодите со тресење

Ана Ололовска