Германец го ризикувал своето возило за да спаси друг возач кој бил во несвест

Од:

Манфред Кик возејќи се по автопат во Германија видел дека возач на Фолксваген Пасат бил во несвест и неговото возило неконтролирано се удирало во заштитните огради.

Кик со неговата Тесла Модел С излегол пред возачот со Пасатот и почнал да кочи за да го запре неуправуваното возило. Откако успеал да го застане возилото, излегол и се обидел да му даде прва помош, за што му помогнале и пожарникарите кои веднаш пристигнале на местото.

Возачот на Пасатот, најверојатно имал мозочен удар, меѓутоа заради несебичната реакција на Кик и неговата интервенција се завршило без посериозни последици.

Откако медиумите соопштија за овој случај и споменаа дека со овој потег, добронамерниот возач најверојатно си го уништил неговото возило Тесла Модел С, се јави и газдата на Тесла Моторс, Илон Маск, кој вети дека бесплатно ќе му го поправат возилото на Манфред Кик во забрзана постапка.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани