Германец даруваше милион евра за настраданите во поплавите

Од:

Хорст Ешлер, 82-годишен Германец од Мунстер ѝ донираше еден милион евра на организацијата „Актион Лихтблик“, која во мигов им помага на жртвите од поплавите во Германија.

Покрај тоа, Ешлер го повика и својот омилен фудбалски клуб „Баерн Минхен“, да им даде (повеќе) пари на жртвите. Досега тимот, заедно со колегите од Келн и гигантот „Дојче Телеком“, даруваше 100.000 евра за жртвите преку организацијата.

– Не бидете воздржани. Знам дека не сте такви и давате многу пари во добротворни цели. Но, во сегашната ситуација, мора да „копнете подлабоко во џебот”, инсистира тој.

Бројот загинати од разорните поплави во Германија надмина 141 лица.

Пензионерот од Минстер е познат по својата дарежливост. Во април годинава тој ѝ донираше 750.000 евра на Зоолошката градина во Мунстер и купи карти за зоолошката за 33.333 деца. Овие донации ги дал заради ветувањето што ѝ го дал на својата покојна сопруга да се грижи за деца и животни.

Во меѓувреме, „Баерн“ го прифати предизвикот и ја зголеми донацијата за поплавените на 1,1 милиони евра. Се подготвува и хуманитарен натпревар со „Шалке 04“ во „Фелтинс арената“.

Би можело да ве интересира

Не е пронајдена опрема за изготвување бомба во истрагата за претпоставениот напад врз синагога во Хаген

А1он

Почна судењето на поранешните менаџери на Фолксваген за измама со издувни гасови

А1он

Германската полиција приведе четворица осомничени по закани за напад на синагога

Македонската и германската полиција запленија марихуана вредна над 100.000 евра

Пристигнаа германските експерти за истрагата на пожарот во болницата во Тетово

А1он

Анкета: Германците бараат да продолжат со работа од дома

А1он