Германците протестираа против трговскиот договор меѓу Европа и САД

Од:

Илјадници Германци протестираа денеска во неколку градови против планираниот договор за слободна трговија меѓу ЕУ и САД.

Според противниците на договорот во Европа со него ќе се намалат квалитетот на храната, работничките права и стандардите за заштита на животната средина. Отпорот против договорот со САД е најсилен во Германија каде што американскиот имиџ беше сериозно нарушен по шпионскиот скандал во кој беше инволвирана и канцеларката Ангела Меркел, но и поради доминацијата во дигиталните индустрии на гигантите како Гугл.

Според едно истражување дури 43 отсто од Германците веруваат дека договорот со САД кој на двете страни ќе им го зголеми обемот на трговија за по околу 100 милјарди долари е штетен за Германија а само 26 проценти го доживуваат како позитивен, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Во Берлин околу 2000 луѓе создадоа човечки синџир кој се протегаше од Потсдамер Плац, преку американската амбасада и Брандербуршката капија се до канцеларијата на Европската Комисија.

Во Минхен организаторите тврдат дека протестирале над 10 илјади луѓе, додека полицијата смета дека околу 3000 демонстранти го искажале своето незадоволство од договорот.

За разлика од канцеларката Меркел која што смета дека договорот со САД е корисен за националната економија, коалициониот партнер во владата СПД најави дека за ова прашање ќе мора да се има формално гласање во партиските тела во кои има и силни противници на создавање на профит по цена на намалување на здравствените стандарди и работничките права.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност