Генс: Белгиската Влада нема да влијае на иднината на Пуџдемон

Од:

Белгиската Влада нема да има влијание на иднината на сменетиот каталонски лидер Карлес Пуџдемон, изјави денеска белгискиот министер за правда Коен Генс.

Тој истакна дека европскиот налог за апсење е „целосно легална постапка“.

Генс истакна дека за разлика од нормалната меѓународна екстрадиција, „извршната власт не игра никаква улога во процедурата при Европски налог за апсење“.

– Сето тоа се одвива преку директни контакти меѓу правосудните органи, појасни белгискиот министер.

– Белгиските власти од Шпанија примија налог за апсење на Пуџдемон и ќе го проучат, пред да го предадат на судија, изјави синоќа федералниот обвинител Ерик ван дер Сипт.

Пуџдемон и дел од неговите соработници се наоѓаат во Белгија, откако Шпанија ги обвини за бунт, поттикнување на бунт, злоупотреба на јавни фондови и кршење на довербата.

Би можело да ве интересира

Белгија го забрани TikTok на официјалните владини мобилни телефони

Ана Ололовска

Во Белгија конфискувани околу четири тони кокаин

Спречен терористички напад на изборот за Мис на Белгија

Босанец во Белгија ја убил поранешната сопруга и двете мали деца, потоа се самоубил

Горан Наумовски

Панцери се согласи на соработка со Обвинителството на Белгија

Ана Ололовска

Белгиските разузнавачи се загрижени поради радикализацијата на малолетниците