Со 128 гласа „За“ и 9 „Против“ и 35 „Воздржани“, Генералното собрание на Обединетите Нации на вонредната седница го прогласи признавањето на Ерусалим како главен град на Израел од страна на САД, како неважечко.
Македонија е една од 128-те земји кои гласаа „За“.
Претходно, амбасадорката на САД во ОН, Ники Хејли, се закани дека САД ќе го запомне денот кога биле нападните во Генералното собрание на ОН, бидејќи го оствариле своето право како суверена земја, нагласувајќи дека гласањето нема да влије врз нивната одлука.
Хејли кажа дека САД ќе се пресмета финансиски доколку Генералното собрание ја усвои резолицијата со која би се прогласила за неважечка одлуката на САД да го признае Ерусалим за главен град на Израел.
Претходно и американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе ја крати финансиската помош за земјите што ќе ја поддржат резолуцијата.