Генералниот директор на Би Би Си поднесе оставка поради секс скандалот

Од:

Само два месеци откако седна во престижната фотеља на генерален  директор на Би Би Си, Џорџ Ентвисл, денеска поднесе оставка .

Хаосот во овој ценет  медиум, кој ретко го демантираат и кој  што 90 години се финансира од државата,  создадоа обвинувањата од конкурентски медиум дека еден од најпознатите водители на Би Би Си, покојниот Џими Савил, е меѓу извршителите со најмногу сексуални злоупотреби во Велика Британија.

Критиките се засилија откако Би Би Си емитуваше телевизиски материјал, во кој поранешен британски политичар беше погрешно обвинет за сексуални злоупотреби со деца.

Во петокот телевизијата се извини за „дозволената“ грешка.

Аферата предизвика криза во Би Би Си. Британската јавна радиотелевизиска корпорација беше обвинета дека го прикривала Џими Савил.

Британската полиција ги истражува тврдењата дека Савил, кој водеше детски емисии на Би Би Си, во континуитет, цели шест децении, извршувал сексуални злоставувања над жени, меѓу кои и девојче на возраст од околу 12 години, и тоа во просториите на британската радиотелевизиска компанија.

Полицијата сооошти дека открила околу 300 потенцијални жртви.

Ентвисл минатиот месец изјави дека не може да се исклучи претпоставката дека во текот на 70-те и 80-те години на 20-от век, кога Савил беше на врвот на славата, во Би Би Си  постоел педофилски круг.

Тој, меѓутоа, ги отфрли обвинувањата дека раководството на Би Би Си се обидувало да ги прикрие тврдењата против Савил, кој почина минатата година, или да и попречи на една од програмите на медиумската компанија да спроведе истрага.

Би можело да ве интересира

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Велика Британија влезе во рецесија

САД и Велика Британија повторно ги нападнаа Хутите: „Погодивме осум цели“

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници