Генерал убиен при обид за воен удар во Етиопија

Од:

Началникот на штабот на армијата на Етиопија, генерал Сиар Меконон и неговиот советник Гизе Абера се убиени при вчерашниот обид за воен удар во сојузната држава Амахара, изјави етиопискиот премиер Абиј Ахмед.

Државната телевизија на Етиопија објави дека зад обидот за пуч стои генералот Асамнев Циге.

Според премиерот Ахмед, претставниците на регионалната Влада биле на состанок кога се случил обидот за воен удар.

– Неколку луѓе се убиени, додека други се повредени, истакна Ахмед, додавајќи оти Меконон е „убиен од негови блиски луѓе“.

Амахара е една од деветте регионални држави во Етиопија.

Би можело да ве интересира

Во Етиопија систем за следење на бројот на починати од Ковид-19

Ана Ололовска

Над 90 лица загинаа во Етиопија во немирите поради убиството на популарниот пејач

Ана Ололовска

Постигнат напредок во спорот околу етиопската брана на Синиот Нил

Ана Ололовска

ВИДЕО: Нова закана за Египет како и за стотици илјади жители во државата, поради изградба на брана во Етиопија

А1он

Судан предупредува на ескалација на спор со Етиопија поради брана на Нил

Ана Ололовска

Прв смртен случај од Ковид-19 во Етиопија

А1он