Генерал Мекензи: Американските сили во Сирија ќе ја продолжат борбата против Исламската држава

Од:

Командантот на централната американска команда, генерал Кенет Мекензи, денеска изјави дека се очекува во следните денови и недели околу 500 американски војници на истокот од Сирија да ги продолжат операциите против Исламска држава.

-Околу 500 припадници на американските сили во моментов се стационирани источно од реката Еуфрат и нивната цел е да останат на таа позиција и заедно со сојузниците од Сириските демократски сили да спроведуваат операции против Исламска држава, рече Мекензи на маргините на безбедносниот самит во главниот град на Бахреин, Манама, пренесоа британските медиуми.

ИД ги загуби речиси сите свои територии што ги држеше во Сирија, а американските сили минатиот месец го убија и нејзиниот лидер Абу Бакр ал-Багдади, иако оваа терористичка организација и натаму се смета за голема безбедносна закана.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги шокираше сојузниците во декември минатата година кога соопшти дека Вашингтон ќе ги повлече своите трупи до Сирија.

Подоцна беше соопштено дека САД ќе задржи дел од силите во североисточниот дел на земјата за да го спречи повторното заживување на ИД и нападите врз нафтените полиња.

Би можело да ве интересира

Исламската држава го пофали терористичкиот напад во Москва

Горан Наумовски

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана