Генарал Ајзенхауер бил против употреба на атомските бомби врз Јапонија

Од:

Американскиот генерал Двајт Ајзенхауер, кој беше 34. претседател на САД, бил против употребата на атомски бомби над јапонските градови Хирошима и Нагасаки во 1945 година, се наведува во сведоштвата објавени од Архивата за национална безбедност на Вашингтонскиот универзитет.

Сведоштвата се извадоци од личниот дневник на Ајзенхауер. Дневникот до неодамна бил кај негов соработник, некогашниот американски амбасадор во СССР, Аверил Хариман.

Од дневникот на Ајзенхауер станува јасно оти тој се надевал дека Втората светска војна може да заврши и без атомските бомби. Тој се обидел да го убеди тогашниот американски претседател Хари Труман да се откаже од употребата на нуклеарно оружје против Јапоннија.

За време на Втората светска војна Ајзенхауер раководи со десантот на сојузничките војски во Нормандија на 6. јуни 1944 година. Ајзенхауер станува претседател на САД во 1953 година.

На 6. и на 9. август се навршуваат 70 години од употребата на атомски бомби над Хирошима и Нагасаки, при што загинаа над 450.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Спектакуларно бегство на затворен од САД

САД: Очекуваме Иран да го нападне Израел

САД: Му кажавме на Иран дека не учествуваме во нападот на конзулатот во Дамаск

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја