Газа: По завршувањето на примирјето загинаа 193 Палестинци

Од:

Најмалку 193 Палестинци се убиени, а 650 се ранети во Газа откако прекинот на огнот меѓу Хамас и Израел заврши во петокот наутро, изјави портпаролот на Министерството за здравство на Газа.

Израелската армија вчераутро објави дека ги обновила борбените операции против Хамас во Појасот Газа и дека нејзините авиони изведуваат серија воздушни напади врз цели на милитантната група, пренесе Ројтерс.

Исто така, тврди дека Хамас ги прекршил условите на привременото примирје и дека истрелал ракета кон израелска територија непосредно пред истекот на примирјето во шест часот по локално време.

Би можело да ве интересира

Главни точки од договорот за прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас

А1он

Израел го потврди историскиот мир во Газа

Потребно е само „зелено светло“ од кабинетот на Нетанјаху за прекин на огнот во Газа

Израел ќе ослободи 1.000 затвореници

Жителите на Газа слават на улиците по договорот за прекин на огнот со Израел

Гутереш вети поголема помош на ОН за Газа